Федерација на фармерите на Република Македонија

  • Моја Земја март: ВИЛИЈАМОВКА ОД БОГДАНЦИ
  • Моја Земја март: КАЛЕМЕЊЕ НА КРАСТАВИЦИ
  • Моја Земја март: АРТИЧОКА - ЗЕЛЕНЧУК НА БОГОВИТЕ
  • Моја Земја март: ЈАГОДИ ВО БУРЕ
  • Моја Земја март: ИСХРАНА НА ТЕЛИЊА

Статут на ФФРМ

Врз основа на член 18 и член 22 од Законот за здруженија и фондации (Службен весник на РМ, бр.52/10 од 16.04.2010 година) и член 26 и член 27 од Статутот на Федерацијата на Фармерите на Република Македонија, Генералното собрание на Федерацијата на Фармерите на Република Македонија го донесе следниот

СТАТУТ
на
Федерацијата
нафармеритенаРепубликаМакедонија
(пречистен текст, март 2015 година)

I. ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1

Федерацијата на фармерите на Република Македонија е доброволно, непартиско, невладино, непрофитно и мултиетничко здружение на граѓани кое работи во поддршка на сите фармери, земјоделскиот сектор и руралниот развој во Р. Македонија.

Член 2

Името на здужението е "Федерација на фармерите на Република Македонија".
Скратеното име е ФФРМ.
Седиштето на ФФРМ е во Скопје.

Член 3

ФФРМ има свој печат и штембил.
Печатот има кружна форма и го има следниот текст на македонски јазик: Федерација на фармерите на Република Македонија
Штембилот има правоаголна форма и го содржи следниот текст: Федерација на фармерите на Република Македонија и празно место за внесување на архивски број, датум и седиште на ФФРМ.


II ОПШТА ЦЕЛ, СПЕЦИФИЧНИ ЦЕЛИ И АКТИВНОСТИ

Член 4

Општа цел
Федерацијата има за цел да ги унапредува и заштитува економските, социјалните и културните интереси на фармерите и земјоделските групи/здруженија и кооперативите.

Член 5

Специфични цели
Специфичните цели на ФФРМ се да:
•ги промовира и застапува членовите
да има постојана комуникација со надлежните државни институции и меѓународни организации за решавање на земјоделските проблеми и развивање на полезни дискусии кои се во интерс на членовите на ФФРМ
•да воспостави и развие форум за земјоделците и земјоделските групи и здруженија и кооперативи; да дискутираат за економски, политички, структурни и стратегишки прашања како и прашања поврзани со рурален развој и заштита на животната средина, важни за земјоделскиот сектор во Македонија.

Член 6

Активности
Активностите вклучуваат, но не се ограничени на:

$1·         развивање услуги за членовите и нечленовите

$1·         организирање на конференции, семинари, симпозиуми, обуки, изложби и видео‐презентации

$1·         покренување и спроведување на иницијативи кај надлежните органи и институции во насока на остварување на целите и задачите на ФФРМ

$1·         учествување во работните групи на надлежните органи и институции во насока на унапредување и заштита на интересите на земјоделците

$1·         соработка со сродни домашни и странски организации

$1·         формирање на стручни тимови во областите за технички, финансиски, правни и маркетинг услуги согласно целите на ФФРМ

$1·         упис на нови членови

$1·         издавачка дејност

$1·         други активности соодветни според Статутот и законите во Македонија и одлуките на Генералното собрание.


III. ЧЛЕНСТВО

Член 7

Дефиниција на член
ФФРМ има регуларни и придружни членови.
Има два вида на регуларни членови во ФФРМ:
•групни членови –земјоделски здруженија, регионални и национални сојузи, земјоделски задруги и/или трговски друштва формирани од земјоделски здруженија во земјоделскиот сектор
•индивидуални членови –Секој жител на РМ инволвиран во земјоделството.

$1·         Членството е целосно објаснето во Политиката за членство на организацијата.
ФФРМ исто така има два типа на придружни членови (групни и индивидуални), кои пројавуваат интерес за земјоделството и рурален развој.  Нивните права и обврски се дефинирани во политиката за членство и се ревидираат повремено од Генералното Собрание.

Член 8

Должности, обврски и придобивки од членството

Членовите ги имаат следните должности и обврски:

$1·         да покажуваат солидарност кон другите членови

$1·         да се придружуваат на и почитуваат Статутот наФФРМ

$1·         да работат активно на постигнување на мисијата, општите и специфичните цели на ФФРМ

$1·         даплаќаат членарина во согласност со Документот за политиката на ФФРМ за членство.

Членовите ги имаат следните придобивки од членството во ФФРМ:

Регуларните членови имаат право да избираат раководни органи
•Регуларните членови имаат правода бидат избрани во раководните органи
Регуларните членови имаат  право на глас и одлучување во име на ФФРМ
Регуларните и придружните членови имаат право за учество во некоја од социјалните мрежи на ФФРМ
Регуларните и придружните членови имаат право на користење на услугите за членови кои повремено ги развива и нуди ФФРМ
Регуларните и придружните членови имаат право на учество на конференции, семинари, симпозиуми, обуки, изложби и видео презентации кои ги нуди ФФРМ
•Регуларните и придружните членови имаат право на користење на резултатите од истражувањата и другите резултати на стручните тимови на ФФРМ во областите за технички, финансиски, правни и маркетинг услуги
•Регуларните и придружните членови имаат право за други придобивки кои повремено ги одредува Генералното собрание

Член 9

Зачленување

Секоја заинтересиран субјект кој ги исполнува условите од член 7 од овој документ со пополнување и доставување на пристапница и плаќање на чланарина до ФФРМ, станува придружен член. Одлука за приемот на регуларни членови со мнозинство гласови носи Управниот одбор на ФФРМ на писмен предлог на Извршниот директор на ФФРМ.

Постапката за прием во членство во ФФРМ е детално регулирана со Политиката и соодветните процедури за членство во ФФРМ која ја донесува Генералното собрание на ФФРМ.

Член 10

Престанок на членство

Престанок на членството во ФФРМ настапува кога:

•Членот не ја намирил годишната членарина во предвидениот рок според процедурата за членство.

Доброволно истапување на членот со доставување на писмена изјава


Одлука за престанок на членување донесува Управниот одбор по поднесено барање или добиени информации од Извршниот директор на ФФРМ, со мнозинство гласови од вкупниот број на членови на УО.

Член 11

Исклучување на член

Член може да биде исклучен од членство во ФФРМ од следните причини:

•непочитување на Статутот и актите (одлуките) на ФФРМ
•нарушување на угледот на организацијата преку ширење на невистини или дезинформации во јавноста или помеѓу членството на ФФРМ
•нарушување на финансискиот и материјалниот статус на организацијата преку непридржување до Статутот и актите (одлуките) на ФФРМ

Исклучувањето од членство се врши со одлука на Управниот одбор со образложен предлог пропратен со соодветни докази доставен од страна на Извршен директор, Правен застапник и член на УО на ФФРМ.

Одлуката од став 1 Управниот одбор ја врши со мнозинство гласови од вкупниот број членови на УО.

Одлуката на Управниот одбор за исклучување од членство стапува на сила на денот на донесувањето.


IV. ОРГАНИ НА ФФРМ

Член 12

Органите на ФФРМ се:

•Генерално собрание
•Управен одбор

V. ГЕНЕРАЛНО СОБРАНИЕ

Член 13

Генералното собрание е највисоко тело на ФФРМ

Годишната седница на Генералното собрание (Годишната седница) се одржува еднаш годишно,во првата третина (најдоцна до крајот на април)  во тековната за претходната година.

Годишната седница ја свикува Управен Одбор на ФФРМ најдоцна 3 недели пред одржувањето на Годишната седница.

Делегатите (членови со право на глас) писмено, по пошта со сите потребни документи (покана, дневен ред и сите документи содржани во дневниот ред) се известуваат најдоцна 1 недела пред  датумот на одржување на Годишната седница.

Јавноста за Седницата на Генералното сообрание на ФФРМ се информира  преку соопштение објавено на веб страната на ФФРМ и средствата за јавно информирање најдоцна  2 дена пред одржување на Седницата. 

Член 14

Делегати на Генералното собрание

Генералното собрание го сочинуваат делегати –претставници на групните и индивидуалните членови.

Делегатите  ги застапуваат групните и  индивидуалните членови во согласност со Документот за политиката на Генералното собрание, во согласност со повремените ревизии на истиот од страна на Генералното собрание. Делегатите се избираат на  четири години при што годината се смета од почетокот на Годишната седница на Генералното собрание с
é додека делегатот не е избран за следната Годишна седница.
Секој делегат на седница на Генералното собрание има право на еден глас.

Член 15

Годишната седница

Годишната седница на Генералното собрание е валидна доколку се присутни повеќе од половина од вкупниот број на делегати.

Генералното собрание ги носи одлуките со просто мнозинство (потребно е за одлуката позитивно да се изјасни мнозинството од присутните делагати на Собранието, но најмалку една третина од вкупниот број на делегати).

Генералното собрание ја носи одлуката за Измена на Статутот со апсолутно мнозинство (потребно е за одлуката  позитивно да се изјасни мнозинството од вкупниот број на делегати  на Собранието)

Генералното собрание ја носи одлуката за престанок на работа на ФФРМ со квалификувано мнозиство (две третини од вкупниот број на делегати на Собранието)

Генералното собрание работи според Деловник за работа на Генералното собрание.

Член 16

Работата на Годишната седница

Дневен ред на Годишната седница:

1. Избор на Претседавач на Генералното Собрание со мандат од четири години;
2. Избор на двајца членови со мандат од четири години,  кои заедно со Претседавачот на Генералното Собрание се грижат за почитување на Деловникот за работа на Годишната седница;

3. Избор на Верификациона комисија составена од три члена со мандат од 4 години
4. Годишната седница (Верификациона комисија ) утврдува дали седницата била свикана на пропишаниот начин и бројот на присутни делегати
5. Се врши избор на Управниот одбор со мандат од четири години;
6. Се претставуваат, разгледуваат и усвојуваат годишниот извештај и годишниот финансиски извештај( Претседателот и Извршниот директор на ФФРМ ги претставуваат Годишниот извештај и Годишниот финансиски извештај);
7. Се претставува, разгледува и усвојува годишната програма( Претседателот и Извршниот директор на ФФРМ ја претставуваат Годишната програма).
8. Се претставува, разгледува и усвојува годишниот буџет за претстојната година ( Претседателот и Извршниот директор на ФФРМ ја претставуваат Годишната програма).
9. По потреба се претставуваат, разгледуваат и усвојуваат измените на стратешките документи( Член од Управен одбор определен од УО ги претсавува измените на стратешките документи).
10. По потреба се презентираат, дискутираат и прифаќаат промени на социјалните мрежи (број, состав и др) ( Координаторите на Мрежата на жени фармери и Мрежата на млади фармери ги презентираат промените на социјалните мрежи).
11. Се претставува, разгледува и усвојува извештајот за функционирањето на Управниот одбор; (Претседателот ги претставува извештајот за функционирање на Управниот одбор).
12. Се разгледуваат други прашања, како што е наведено во дневниот ред.

Член 17

Дневен ред и материјали за седниците на Генералното собрание

Претседавачот на Генералното Собрание, заедно со Управниот одбор, го подготвува дневниот ред за Годишната седница и се грижи истиот да се достави до делегатите навремено според Деловникот за работа на Генералното собрание.

Член 18

Вонредни седници на Генералното собрание

Вонредна седница на Собранието може да се одржи по писмено барање од една третина од делегатите на ФФРМ.

Вонредна седница на Собранието се одржува најдоцна во рок од 60 дена од денот на поднесувањето на барањето за одржување.

Барањето од една третина на делегатите со потпис и печат се доставува до ИзвршнатаКанцеларија и Извршниот директор го проследува до членовите на Управниот одбор .

Претседателот е должен да ја закаже седницата на Управниот одбор согласно Деловникот за работа на УО.


Претседателот треба да го закаже Вондредното собрание најдоцна 60 дена  по приемот на барањето за вонредно собрание. Доколку не го свика Собранието, одговорноста ја превзема Иницијативниот Одбор (кој би броел не помалку од три делегати со право на глас) и кој на состанок води записник во соработка со Извршната канцеларија и заедно го организираат Собранието во рок од 60 од денот на поднесување на иницијативата.

Вонредно изборно Собрание не може да се свикува за помалку од 6 месеци од предходното Собрание.

Делегатите (членови со право на глас) писмено, по пошта  со сите потребни документи (покана, дневен ред и сите документи содржани во дневниот ред) се известуваат најдоцна 1 недела пред  датумот на одржување на Вондредното собрание.

На вонредна седница не се разгледуваат други точки освен оние кои се наведени во дневниот ред.


VI. УПРАВЕН ОДБОР

Член 19

Структура на Управниот одбор

Управниот одбор се состои од 7 членови.

Управниот одбор од својот состав бира Претседател на Федерацијата на фармерите на РМ кој е правен застапник на ФФРМ и претседател на УО.

Управниот одбор од својот состав бира Потпртседател на УО и на Федерацијата на фармерите на РМ кој го заменува заменува Претседателот во негово отсуство.


Членовите имаат мандат од 4 години.

Вработен во ФФРМ не може да биде член на Управниот одбор.

Членовите на Управниот одбор ги избира и разрешува Генералното собрание.

Деловникот за работа на Управниот одбор ги прецизираат политиката и постапките за:

•начин на работа и одлучување на Управниот одбор
•постапките за обезбедување на етничка, родова и младинска застапеност во Управниот одбор

Во составот на Управниот одбор, колку што е тоа можно, се отсликува демографскиот состав на ФФРМ, особено етничката, родова и младинската застапеност.

Деловникот за работа на Управниот одбор повремено се ревидираат од страна на Управниот одбор.

Член 20

Состаноци на Управниот одбор

Редовни состаноци на Управниот одбор се одржуваат на секои три (3) месеци.

По писмено барање од најмалку тројца членови на Управниот одбор може да се свика Вондреден состанок на Управниот одбор.

Вондреден состанок мора да се одржи во рок од три недели од приемот на писменото барање.

Кворумот за состанок на Управниот одбор е четири члена.

Состаноците на Управниот одбор се водат според Деловникот за работа на Управниот одбор, кој повремено се ревидира од страна од Управниот одбор.

Извршниот директор е присутен на сите состаноци на Управниот одбор, но без право на глас.

Член 21

Улоги и одговорности на Управниот одбор

Управниот одбор на ФФРМ ги надгледува, следи и извршува одлуките на Генералното собрание, во согласност со Статутот и одлуките донесени од Генералното собрание.

Управниот одбор

•назначува (и, по потреба, разрешува) Претседател на Управен одбори на ФФРМ и Извршен директор на ФФРМ

назначува (и, по потреба, разрешува) Потпретседател на Управен одбор и на ФФРМ
•ја надгледува и контролира работата на Претседателот на Управниот одбори на ФФРМ како правен застапник на ФФРМ
•го следи спроведувањето од страна на Извршниот директор на одлуките донесени од Генералното собраниеи Управниот одбор
•го контролира и анализира работењето на Извршниот директор во финансиското управување на извршната канцеларија на ФФРМ
•ја насочува и надгледува работата на Извршниот директор во постигнувањето на целите на организацијата
•му дава совети на Извршниот директор во врска со активностите на организацијата
•предлага измени во актите, политиките и постапките до Генералното собрание, врз основа на работата на Извршниот директор
•предлага годишна програма пред Генералното собрание, врз основа на работата на Извршниот директор
•ја контролира законитоста на активностите на организацијата
•поднесува годишни извештаи за своите активности пред Генералното собрание

•ги донесува актите за организација, систематизација и делокруг на работа на Извршната канцеларија, со коишто се уредува работењето на Извршната канцеларија и раководењето со нејзиното работење, работниот однос на работниците и други општи акти на Извршна канцеларија;

•формира органи, стручни тела, советодавни комисии, потсекторски групи  заради барање мислење по одредени прашања

•ги следи случувањата во земјоделскиот сектор преку учество во секторски групи
•врши други работи согласно закон и овој Статут

VII ПРАВЕН ЗАСТАПНИК НА ФФРМ

Претседател на Управен одбори на ФФРМ

Член 22

Овластено лице за застапување и претставување на Федерацијата на Фармерите на Република Македонија е Претседателот на Управниот одбори на ФФРМ.

Претседателот на Управниот одбори на ФФРМ има права, овластувања и одговорности определени со закон, Статутот  и другите акти на ФФРМ

Претседателот на Управен одбори на ФФРМ нема право на глас кога се одлучува за негова одговорност.

Во случај на разрешување, суспендирање на Претседателот на ФФРМ и на УО, негова промена или друг случај каде привремено или трајно Претседателот на ФФРМ и на УО нема да биде овластен да ја претставува и застапува ФФРМ и УО, Потпретседателот  е овластен да биде Правен застапник на ФФРМ до избор на нов Претседател на ФФРМ и на УО.  Потпретседателот се запишува како Правен застапник во Централниот регистар на Република Македонија со одлука на УО на ФФРМ.

Член 23

Извршен директор

ФФРМ има извршен директор кој е одговорен да ја претставува Федерацијата во имотните, финансиските и други правни работи, раководи и ја организира работата на Извршната канцеларија, донесува одлуки во врска со работниот однос на вработените во ФФРМ и во извршувањето на општите акти и одлуки на Извршната канцеларија и врши други работи во согласност со општите акти и одлуките на органите на ФФРМ.

Извршниот директор го организира подготвувањето и одржувањето на седниците на Собранието и на Управниот одбор на ФФРМ.


Извршниот директор е одговорен за секојдневното функционирање на организацијата, вклучувајќи и спроведување на стратешките насоки и одлуки на Генералното собрание и Управниот одбор.

Извршниот директор ја надгледува Извршната канцеларија и потребниот број на вработени, кои работат во сектори и одделенија во согласност со потребите на организацијатаи склучува договри со истите.

Извршниот директор се избира со мандат од четири (4) години, и има право на повторно назначување на крајот од секој мандат.

Работниот однос на Извршниот директор е уреден со договор, вклучувајќи и детален опис на работното место, и е предмет на оценување на годишното работење.


Член 27

Извршна канцеларија

Административно-техничките, помошните и други работи за потребите на ФФРМ ги врши Извршната Канцеларија на ФФРМ.

Извршната канцеларија  подготвува информации, анализи, нацрти на општи и други акти за потребите на ФФРМ.

Вработените во ФФРМ имаат посебна одговорност за односот кон податоците и документите на ФФРМ во поглед на нивното користење и објавување.

Извршната канцеларија подготвува Комуникациска стратегија која ја усвојува Управниот одбор на ФФРМ.

Извршната канцеларија на ФФРМ обезбедува деловни информации, податоци, стручни совети, сугестии и сл., со кои се помага работењето на членовите на ФФРМ.

Извршната канцеларија услугите ги врши првенствено за членовите на ФФРМ

XII. ЈАВНОСТ ВО РАБОТАТА И ИНФОРМИРАЊЕ

Член 24

Работата на ФФРМ е јавна и транспарентна.


Член 2
5

Јавноста се обезбедува  преку:

- давање информации на членовите на ФФРМ за нивната работа;

-Објавување на одлуките на органите на ФФРМ на начин опредлен со овој Статут;

-издавање брошури, списанија и други печатени и електронски изданија;

- објавување на информаци за активности на ФФРМ на веб страната на Федерацијата

Јавноста се обезбедува и преку соработка со средствата за јавно информирање со кои се остварува целосно, независно и објективно информирање за работењето на ФФРМ.

Органиите и облиците на организирање и работење на ФФРМ и нивните тела, можат да ја исклучат или ограничат јавноста на нивните седници и состаноци, кога тоа го наложува општиот интерес или кога се разгледуваат документи и информации од доверлива природа.

Членовите на органите и телата на ФФРМ и вработените во ФФРМ се должни да ги чуваат како деловна тајна сите известувања и податоци кои се однесуваат на работењето на членките и на ФФРМ, а имаат статус на доверливи, односно со посебен акт се утврдени како деловна тајна.

Лицето кое дава податоци и информации во врска со работата на ФФРМ е одговорно за нивната вистинитост и точност.

IX. АКТИ

Член 26

Генералното собрание го донесува, изменува и дополнува Статутот со апсолутно мнозинство (потребно е за одлуката  позитивно да се изјасни мнозинството од вкупниот број на делегати на Собранието)

Предлози за измени и дополнувања на Статутот се доставуваат од страна на најмалку една петтина од делегатите на Генералното собрание или од страна на Управниот одбор на ФФРМ.

Предлозите за измени и дополнувања на Статутот ги разгледува Управниот одбор и, истите, заедно со мислењето на Управниот одбор, се доставуваат до делегатите најдоцна
1неделa пред одржувањето на Годишната седница.

Член 27

Актите и одлуките на Генералното собрание на ФФРМ ги потпишува Претседавачот на Генералното Собрание или лице кое ќе биде овластено за истото од страна на Генералното Собрание.

Актите и одлуките на Управниот одбор на ФФРМ ги потпишува Претседателот или Потпретседателот (согласно член 2
2 од Статутот)  или лице овластено од Управниот Одборсо одлука на УО.

X. НАЧИН НА ФИНАНСИРАЊЕ

Член 28

ФФРМ се финансира од членарини, донации, проекти, трговски друштва основани од ФФРМ и други начини согласно законите на Република Македонија.

XI. ПРЕСТАНОК СО РАБОТА

Член 30

Одлуката за престанок со работа на ФФРМ е полноважна доколку е донесена со квалификувано мнозиство (две третини од вкупниот број на делегати на Собранието)

По престанокот на работата на ФФРМ, имотот и другите права и приходи што остануваат по подмирување на обврските преминуваат во сопственост на организација слична на ФФРМ по предлог на Генералното собрание.

Никола Стаменов

--------------------------------

Претседател на ФФРМ

AddThis Social Bookmark Button

2017-05-toka-ime-web

kalendar 2017 ffrm web

Најдобри во агрокомплексот

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

Информации за профилот

Application afterLoad: 0.000 seconds, 0.98 MB
Application afterInitialise: 0.042 seconds, 8.43 MB
Application afterRoute: 0.060 seconds, 9.53 MB
Application afterDispatch: 0.112 seconds, 13.16 MB
Application afterRender: 0.141 seconds, 14.45 MB

Искористеност на меморија

15198016

20 запишани барања

  1. SELECT *
      FROM jos_session
      WHERE session_id = 'h111nmqskgnkjircjo7nlc4330'
  2. DELETE
      FROM jos_session
      WHERE ( TIME < '1501072108' )
  3. SELECT *
      FROM jos_session
      WHERE session_id = 'h111nmqskgnkjircjo7nlc4330'
  4. INSERT INTO `jos_session` ( `session_id`,`time`,`username`,`gid`,`guest`,`client_id` )
      VALUES ( 'h111nmqskgnkjircjo7nlc4330','1501073008','','0','1','0' )
  5. SELECT *
      FROM jos_components
      WHERE parent = 0
  6. SELECT folder AS TYPE, element AS name, params
      FROM jos_plugins
      WHERE published >= 1
      AND access <= 0
      ORDER BY ordering
  7. SELECT name,player_id,ripper_id,postreplace
      FROM jos_avr_tags
  8. SELECT name,player_id,ripper_id,postreplace
      FROM jos_avr_tags
  9. SHOW TABLES
  10. SELECT file_id
      FROM jos_jdownloads_files
      WHERE published = 1
      AND use_timeframe = 1
      AND publish_to != '0000-00-00 00:00:00'
      AND publish_to <= '2017-07-26 14:43:28'
  11. SELECT file_id
      FROM jos_jdownloads_files
      WHERE published = 0
      AND use_timeframe = 1
      AND publish_from != '0000-00-00 00:00:00'
      AND publish_from <= '2017-07-26 14:43:28'
  12. SELECT *
      FROM jos_autotweet_automator
      WHERE id = 'automator'
  13. INSERT INTO `jos_rokuserstats` ( `user_id`,`ip`,`session_id`,`page`,`referrer` )
      VALUES ( '0','54.158.25.146','h111nmqskgnkjircjo7nlc4330','/~ffrmorgm/index.php?option=com_content&view=article&id=69&Itemid=68','' )
  14. SHOW TABLES
  15. SELECT template
      FROM jos_templates_menu
      WHERE client_id = 0
      AND (menuid = 0 OR menuid = 68)
      ORDER BY menuid DESC
      LIMIT 0, 1
  16. SELECT a.*, u.name AS author, u.usertype, cc.title AS category, s.title AS SECTION, CASE WHEN CHAR_LENGTH(a.alias) THEN CONCAT_WS(":", a.id, a.alias) ELSE a.id END AS slug, CASE WHEN CHAR_LENGTH(cc.alias) THEN CONCAT_WS(":", cc.id, cc.alias) ELSE cc.id END AS catslug, g.name AS groups, s.published AS sec_pub, cc.published AS cat_pub, s.access AS sec_access, cc.access AS cat_access  
      FROM jos_content AS a
      LEFT JOIN jos_categories AS cc
      ON cc.id = a.catid
      LEFT JOIN jos_sections AS s
      ON s.id = cc.SECTION
      AND s.scope = "content"
      LEFT JOIN jos_users AS u
      ON u.id = a.created_by
      LEFT JOIN jos_groups AS g
      ON a.access = g.id
      WHERE a.id = 69
      AND (  ( a.created_by = 0 )    OR  ( a.state = 1
      AND ( a.publish_up = '0000-00-00 00:00:00' OR a.publish_up <= '2017-07-26 12:43:28' )
      AND ( a.publish_down = '0000-00-00 00:00:00' OR a.publish_down >= '2017-07-26 12:43:28' )   )    OR  ( a.state = -1 )  )
  17. UPDATE jos_content
      SET hits = ( hits + 1 )
      WHERE id='69'
  18. SELECT a.id, a.title, a.created,  CASE WHEN CHAR_LENGTH(a.alias) THEN CONCAT_WS(":", a.id, a.alias) ELSE a.id END AS slug, CASE WHEN CHAR_LENGTH(b.alias) THEN CONCAT_WS(":", b.id, b.alias) ELSE b.id END AS catslug, u.id AS sectionid
      FROM jos_content AS a
      INNER JOIN jos_categories AS b
      ON b.id=a.catid
      INNER JOIN jos_sections AS u
      ON u.id = a.sectionid
      WHERE ( state = '1'
      AND a.checked_out = 0 )
      AND a.state = 1
      AND u.published = 1
      AND b.published = 1
      AND ( publish_up = '0000-00-00 00:00:00' OR publish_up <= '2017-07-26 15:43:28' )
      AND ( publish_down = '0000-00-00 00:00:00' OR publish_down >= '2017-07-26 15:43:28' )
      AND catid = 0
      AND a.id < 69
      ORDER BY id DESC
      LIMIT 5
  19. SELECT id, title, module, POSITION, content, showtitle, control, params
      FROM jos_modules AS m
      LEFT JOIN jos_modules_menu AS mm
      ON mm.moduleid = m.id
      WHERE m.published = 1
      AND m.access <= 0
      AND m.client_id = 0
      AND ( mm.menuid = 68 OR mm.menuid = 0 )
      ORDER BY POSITION, ordering
  20. SHOW TABLES

0 legacy барања запишани

    Вчитани се јазичните податоци

    Непреведени знаци дијагностички

    Ништо

    Непреведени знаци дизајнерски

    Ништо