Федерација на фармерите на Република Македонија

Одгледување на лаванда

lavanda1

Пишува: проф. д-р Златко Арсов

Лавандата е ароматично и лековито растение познато повеќе од 2.000 години. По потекло е од Средоземниот басен. Како диворастечко растение е распространето во Јужна Франција, Источна Шпанија, Италија и Северна Африка. Ова растение, исто така, може да се одгледува и на нашите полиња. Тоа нема многу големи барања по однос на почвата. Успева скоро на сите типови почва кои содржат доволно варовник. Расте и на многу сиромашни и каменити почви. Не и одговара само влажна и кисела почва. Какотоплољубиво растение има големи потреби одтоплина, а особеноза светлина. Посебна важностза квалитетот на етеричното масло има надморската висина. Се препорачува да се одгледува на поголема надморска висина, максимум до 500 метри. Треба да се сади на јужна, незасенета експозиција, која не е изложена на ветрови.

lavanda2За коренот подобро да се развива, треба да се обрне внимание на почвата. Таа треба да се изора наесен, со длабочина не помала од 40 см. Ако се сади во есен, почвата се подготвува за садење веднаш по орањето. Ако се сади во пролет, по есенското орање се применува пролетна обработка (плитко орање и браносување) за да се добие што поровка почва.

Бидејќи е повеќегодишно растение, на ѓубрењето треба да се посвети поголемо внимание. Најдобри резултати се добиваат со комбинација на органско и минерално ѓубриво. Од минералните ѓубрива добро е да се примени фосфорното, кое се внесува во почвата при основната обработка во количество од 300 до 500 кг/ха. Азотот се додава во помало количество од фосфорот и тоа 100 до 200 кг/ха.

Лавандата може да се размножува вегетативно со делење на старите бусени и со резници, како и генеративно со директно сеење на семето и преку расад. Во практиката лавандата задолжително се размножува со ожилени резници. Резниците се произведувааттака што од постојниот насад се отсекуваатделови од гранките кои се постари, со должина од 15 до 20 см. Пикирањето се изведува во отворени бразди длабоки од 5 до 10 см, на растојание од 10 до 15 см, помеѓу редовите и помеѓу растенијата. Резниците се ставаатна едната страна од браздата и потоа се покриваат со почва. Резниците редовно се плеват и се полеваат до есен, кога се расадуваат. Лавандата се сади кон крајот на октомври или ноември, а ако се сади во пролет, тогаш треба да се сади што порано, најдоцна до почетокот на април. По размерувањето на парцелата, се копаатдупки во кои се садат садниците. Се сади на меѓуредово растојание од 80 до 100 см, а во редот на растојание од 60 до 80 см. За еден хектар неопходни се минимум 10.000 садници.

Негата се состои од окопување, култивирање и прихранување. Во првата година се вршиlavanda3 пополнување на празните места. Насадот се пополнува се до четвртата или петтата година од одгледувањето. Окопувањето и култивирањето се извршува веднаш кога садниците ќе се развијат, во пролет. Меѓуредовиот простор се обработува рачно или машински со помош на култиватор. Времето на берба на лавандата зависи од реонот каде што се одгледува. Ако е насадотна ниски реони,тогаш цветањето почнува кон крајотнајуни. На поголеми надморски висини цветањето доцни и по еден месец. Од почеток на цветањето, па до полното цветање поминуваат околу 20 до 25 дена, а до крајот на цветањето 30 до 35 дена. Лавандата се жнее кога е во фаза на полно цветање затоа што во таа фаза се остварува голем принос и висок квалитет на етеричното масло. Жетвата се извршува рачно. На големи површини, на пример во Франција, се изведува машински со специјални косачки-машини. При рачното жнеење (со срп) се отсекуваат цветовите со дршка со должина од 10 до 15 см. Ожнеаната лаванда веднаш се носи на дестилација.

Лавандата најчесто се дестилира за добивање на етерично масло. Приносот зависи од возраста, еколошките услови и применета на агротехника. Приносот од година во година се зголемува, се додека во петтата или шестата година се стабилизира. Приносот на зелен цвет изнесува 1.500-35.000 кг/ха, додека на сув цвет изнесува од 200 до 800 кг на хектар. Приносот на масло од лаванда во полн род може да биде од 20 до 30 кг на хектар.

AddThis Social Bookmark Button

Слични артикли:


Да не заборавите!!!

Brosura_CBC_IPA_MKAL_Page_01

Најдобри во агрокомплексот

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер